Меланија го спаси Доналд Трамп од голем срам
Не е лесно да си претседател на САД. Треба да познавате закони, да учите историја, да се состанувате со шефови на други земји. Нешто сигурно ќе заборавите.
Среќа, тука е првата дама да ви дојде на помош.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп избегна голем срам пред камерите кога сопругата Меланија суптилно го потсети да ја стави десната рака на срце за време на химната на велигденската свеченост во Белата куќа.