Авто новости

Mercedes-Benz G 400d доаѓа на европскиот пазар со 326 коњски сили

21. март 2019 - 14:48 | А.С.

Листингот на германската осигурителна компанија HUK24 открива дека на европскиот пазар наскоро ќе стигне Mercedes-Benz G 400d.

HUK24 претходно објави која ќе биде моќноста на Mercedes-AMG GT R Roadster и Mercedes-AMG A45 S.

Листингот јасно покажува дека G 400d има 3.0-литарски мотор што испорачува 326 коњски сили и дека ќе биде достапен за европските купувачи заедно со веќе постоечкиот G 350d кој развива моќност од 282 кс.

HUK2 не го наведува вртежниот момент на моделот G 400d, но би требало да биде поголем во однос на 600 Nm на моделот G 350d. Осигурителната компанија не го спомнува ни менувачот, но сите останати верзии на G-класата што не носат ознака AMG користат деветтостепен автоматски менувач.

G 350d има 3.0-литарски турбодизел мотор со шест цилиндри што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,4 секунди и максимална брзина од 199 км/ч. Со дополнителни 44 коњски сили, би требало да биде многу побрз.

Во Германија G 350d чини 95.022 евра, па се очекува дека G 400d ќе биде поскап. На пример, бензинецот G 500 чини од 107.040 евра па нагоре.

Коментирај