Mercedes-Benz го откри моќниот SLS AMG GT Final Edition

По серијата тизери, Mercedes ја откри последната серија на супер-спортскиот модел SLS, која ќе биде произведена само во 350 примероци. Автомобилот за погон ќе го користи 6,3 литарскиот V8 Мотор кој развива 591 коњска сила, а ист таков мотор ќе се користи и во стандардната верзија SLS AMG GT.

Она по кое се разликува последната серија е карбонскиот поклопец на моторот и предните дифузери. Редизајниран е и предниот браник, а тука се и новите сопирачки. Задниот спојлер доби поинаков дизајн, надворешните ретровизори исто така се од карбон, а нов изглед добија и црните фелни.

Автомобилот што следната година ќе го замени SLS ќе ја носи ознаката SLC. Претпоставките се дека ќе добие нешто помала каросерија во која треба да се најде новиот 4-литарски V8 мотор со два турбо компресори, кој ќе развива 493 коњски сили.

Истиот мотор треба да ја придвижува и новата генерација на моделот C63 AMG. Сепак до претставувањето на новиот модел, јавноста ќе може да ужива во SLS AMG GT Final Edition на претстојните саеми за автомобили во Лос Анџелес и Токио.