Mercedes откри кои модели дефинитивно нема да добијат AMG верзија

Како што Mercedes ја проширува својата понуда на нови модели, така расте и бројот на AMG автомобили со високи перформанси на германскиот автомобилски гигант.

Сепак, AMG третманот не е предвиден за секој Mercedes автомобил. Motor Trend пишуваа дека два модели дефинитивно се исклучени од таквите планови, а станува збор за Mercedes B-Class и електричниот SUV EQC.

Списокот е краток и не е неочекуван. Имено, од B-Class, претставник на  MPV сегментот што е типичен семеен автомобил, не се очекува да има спортска верзија. За оние кои го сакаат спортскиот имиџ, Mercedes го нуди пакетот AMG Line што на ова возило му дава колку-толку спортски изглед, без дополнителна „доза“ моќност.

Во врска со електричниот модел EQC, шефот на AMG одделението Тобијас Моерс потврди дека ни овој автомобил нема да има класична AMG верзија, но на купувачите ќе им се понуди стилскиот AMG Line пакет со спортски естетски додатоци, поголеми алуминиумски фелни и нископрофилни пневматици.

Покрај тоа, не треба да заборавиме дека стандардната верзија на EQC има доволно моќен погонски систем што дава вкупно 407 коњски сили и максимален вртежен момент од 765 Nm, па благодарение на тоа, автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунди.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе