Авто новости
Project One

Mercedes развива „ѕвер“ со 1.000 коњски сили

11. јануари 2017 - 16:03 | Д.П.

Mercedes-AMG работи на хиперавтомобилот Project One кој во основа претставува возило од рангот на Формула 1, кој ќе може легално да се вози на јавните патишта.

Project One ќе има хибриден погон, со бензински V6 агрегат кој се користи во Ф1 натпреварите. Тој ќе биде задолжен за движење на задните тркала, а дополнителниот електричен мотор ќе ги придвижува предните тркала.

Вкупната сила на хибридот ќе надминува 1.000 коњски сили, а производителот тврди дека станува збор за „веројатно најфасцинантниот спортски двосед кој ќе биде возен на јавини патишта“.

Очекувањата се дека Project One ќе биде претставен во втората половина на 2017 година, а како можен датум за премиерата се спомнува саемот на автомобили во Франкфурт во септември.

Овој спортски автомобил ќе биде дел од прославата на 50-годишнината од AMG оделението, а според информациите, ќе биде изработен само во 200 или 300 примероци. Цената би требало да биде околу 2,4 милиони евра.

Коментирај