Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат перспектива за членство во ЕУ

Загреб, 21 ноември 2019 (МИА) – Би сакала да им порачам на земјите од Западен Балкан дека имаат перспектива за членство во Европската Унија, изјави синоќа во Загреб германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ние живееме за тоа и ќе направиме тоа да се случи, нагласи Меркел на Конгресот на Европската народна партија, што вчера и денеска се одржува во хрватскиот главен град.

Таа порача дека ќе разговара со Франција за да се најде консензус околу францускиот предлог за реформи на процесот на преговори за членство во ЕУ, со цел да се создадат услови за што побрзо започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

– Мора да разговараме со Франција и тоа треба да го сториме многу интензивно и да ги утврдиме елементите што треба да се подобрат и да се менуваат во процесот на проширување. Сакаме договор за тоа колку што е можно поскоро со цел да можеме да постигнеме напредок во конкретниот случај, изјави Меркел, нагласувајќи дека реформите во преговарачкиот процес ќе треба да им овозможат вистинска перспектива за членство на земјите од Западен Балкан.

Германската канцеларка потенцира дека ги поддржува плановите на хрватската Влада за одржување Самит ЕУ – Западен Балкан во целосен формат, додавајќи дека Германија смета оти перспективите за преговори за влез во Унијата на Северна Македонија и Албанија „ќе ја зајакнат геополитичката стабилност на историски нестабилниот Балкан“.

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на својот Конгрес во Загреб усвои Резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа, со која се повикуваат Европскиот совет и земјите членки на ЕУ да се заложат за носење позитивна одлука што е можно поскоро за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Поткопувањето на политиката на проширување може да доведе до зголемување на нестабилноста во непосредното соседство на ЕУ и да отвори простор за странски актери, чии активности можеби не се во согласност со вредностите и интересите на ЕУ, да остварат поблиска соработка со Северна Македонија и Албанија, се вели во документот, предложен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Во текстот се посочува дека неуспехот на ЕУ да одреди датум за старт на преговорите со Северна Македонија доведе до распишување предвремени избори во земјата и резултирало „со пад на кредибилитетот на оние што прифатија компромиси“. – Потребно е да се преземат сите напори за организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори на 12 април 2020 година, се вели во Резолуцијата.

Документот, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел овие земји да ги исполнат критериумите за членство во Унијата што е можно поскоро.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе