Фудбал

Меси ја освои Златната Топка за 2012

7. јануари 2013 - 20:43 | 24 Фудбал
Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е прогласен за Најдобар фудбалер во 2012, а Аргентинецот четврта година во низа ја добива „Златната Топка". Лео Меси продолжува да руши рекорди, и тој стана првиот фудбалер што по четврти пат ја добива „Златната Топка".
 
Фудбалерот на Барса во изборот на селекторите, капитените на националните тимови и стручното жири, доби најмногу гласови и успеа да стигне до насловот Најдобар фудбалер во 2012 пред големиот ривал од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и соиграчот од Барселона, Андрес Иниеста.
 
Меси, кој во 2012 постигна рекордни 91 погодоци, рече: „Навистина е неверојатно што одново ја добив „Златната Топка", четврта година во низа. Немам зборови за да го опишам сето ова. Би сакал да им оддадам признание на моите колеги од Барселона”.
 
„Исто така сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи во селекцијата на Аргентина. На сите тренери и сиот персонал што работеше со мене, сакам да им се заблагодарам на пријателите и семејството”.
 
„Посебно им се заблагодарувам на мојата сопруга и мојот син. Ви благодарам”.
 
Извор: 24 Фудбал

Коментирај