Меси купи еден од најскапите автомобили на светот?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наводно го купил вториот најскапиот автомобил во светот продаден на аукција, пишуваат светските медиуми. Автомобилот Ferrari 335 S Spider Scaglietti беше продаден на аукција за 32 милиони евра, а купувачот тогаш остана анонимен. Сепак, по информациите што се појавија подоцна, најверојатно купувачот е најдобриот фудбалер на светот за 2015 година.

Во соопштението се додеава дека за овој автомобил бил заинтересиран и Кристијано Роналдо, најголемиот ривал на Меси и член на Реал Мадрид. Сепак, аргентинската ѕвезда била по упорна во намерата и на крајот го купил автомобилот што Стерлинг Мос го возел на натпреварот за Големата награда на Куба во 1958 година.

Почетната цена била 20 милиона, но пораснала се до 32 милиони евра со што овој Ferrari 335 S Spider Scaglietti од 1957 година стана вториот најскап автомобил продаден на аукција. Првиот е исто така Ferrari, но е 250 GTO од 1962 година, кој во 2014 година беше продаден за 38,1 милиони евра.

Сепак, извори од Барселона ги демантираат информациите дека тој стои зад рекордната понуда. Инаку организаторот на аукцијата, Алесандро Прото е италијански мултимилионер кој е во центар на вниманието последните неколку години бидејќи се спомнува дека е инспирација за ликот на Кристијан Греј од Fifty Shades of Grey. Мартин Скорсезе за него го снима филмот Manipulator.

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе