ОБЈАВЕН СОСТАВОТ НА АРГЕНТИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА КОПА АМЕРИКА

Меси на список, Икарди заборавен

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони го објави списокот со 23 играчи за претстојната Копа Америка, на во него не се најде напаѓачот на Интер Мауро Икради, што секако привлече внимание во светските спортски медиуми.

„Сметаме дека ова се моментално најдобрите играчи за репрезентацијата на Аргентина и настапот на Копа Америка е од голема важност за нашиот тим. Секогаш постојат дилеми кога на располагање имате голем број квалитетни играчи и тешко е да ги повикате сите, но конечната одлука е за доброто на тимот“, рече Скалони.

Аргентина е без освоен трофеј на Копа Америка од 1993 година, а во групната фаза ќе игра против Колумбија, Парагвај и Катар.

Заборавен во списокот за репрезентацијата е Мауро Икарди, што е можеби најголемото изненадување, а повик не доби ни резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Ромеро.

Составот на аргентинската репрезентација е следен:

Голмани: Андрада (Бока), Армани (Ривер) и Маркесин (Америка)

Одбрана: Серавиа (Рејсинг), Фојт (Тотенхем), Отаменди (Манчестер Сити), Пецела (Фиорентина), Фунес Мори (Вилјареал), Таљафико (Ајакс), Каско (Ривер) и Акуња (Спортинг).

Играчи за врска: Паласиос (Ривер), Гидо Родригез (Америка), Паредес (ПСЖ), Ло Селсо (Бетис), Перејра (Ватфорд), Де Паул (Удинезе) и Ди Марија (ПСЖ).

Напаѓачи: Меси (Барселона), Агуеро (Манчестер Сити), Лаутаро (Интер), Матијас Суарез (Ривер) и Дибала (Јувентус).

Првиот меч на репрезентацијата на Аргентина е на 20 јуни против Парагвај.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе