Меси по петти пат ја освои „Златната топка“

Лионел Меси е најдобриот фудбалер за 2015 година во изборот на ФИФА. Аргентинецот на тронот го наследи Кристијано Роналдо кој во изминатите две години ја добиваше оваа престижна награда.

На гала церемонијата што се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих, Меси петти пат во кариерата ја освои „Златната топка“, претходно беше прогласуван за играч на годината во периодот од 2009 до 2012 година.

Меси во 2015 година со Барселона успеа да освои пет од можните шест клупски трофеи, а со репрезентацијата на Аргентина играше во финалето на Копа Америка.

Изминатата година Аргентинецот за Барселона и националниот тим одигра 61 натпревар, постигна 52 гола и запиша 26 асистенции.

Меси наградата ја освои пред Кристијано Роналдо и соиграчот од Барселона, Нејмар.

Тројцата најдобри за 2015 година го предводат нападот на идеалниот тим на ФИФА:

Нојер (Баерн) – Дани Алвес (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Серхио Рамос (Реал), Марсело (Реал) – Модриќ (Реал), Иниеста (Барселона), Погба (Јувентус) – Нејмар (Барселона), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал).

Во женска конкуренција „Златната топка“ ја освои Карли Лојд, која ја предводеше репрезентацијата на САД до светската титула.

Луис Енрике, кој ја предводеше Барселона до петте трофеи е прoгласен за најдобар тренер во машка конкуренција, зад него останаа Пеп Гвардиола и Жорге Сампаоли, додека во женска конкуренција наградата и припадна на селекторката на САД, Џил Елис.

Вендел Лира, фудбалерот на Гоианесија, ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол кој е постигнат изминатата година. Бразилецот победи во конкуренција на Алесандро Флоренци и Лео Меси.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе