Фудбал

Меси: Реал не смее да се потцени

10. јануари 2013 - 15:48 | Макфакс

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, изјавил дека се уште не треба да се отпишува Реал Мадрид од шампионската трка во Примера, но дека се и понатаму зависи од неговиот клуб.

„Ништо не е решено во Примера. Никогаш не треба да го отпишете Реал. Во изминатите години тие во вториот дел од сезоната знаеле драстично да ја намалат нашата предност, но мислам дека се зависи од нас. Мораме да продолжиме со добрите игри, не смееме да правиме грешки и да се опуштаме“, изјавил Меси за шпанските медиуми.

Барселона, по 18 кола во Примера, се наоѓа на лидерското место со 52 бода, 11 повеќе од Атлетико Мадрид и дури 16 повеќе од Реал Мадрид.

Најдобриот играч во светот за 2012 година, открил дека сонува со Аргентина да ја освои титулата светски првак на Мундијалот во Бразил.

„Ништо не може да се спореди со освојувањето на светската титула. Секогаш сонувам да победам на Мундијалот со Аргентина. Верувам дека следната година во Бразил можеме да постигнеме добар резултат“, рекол Меси, со напомена дека на аргентинската репрезентација и недостига единство, кое според него ја прави разликата во квалитетот.

Аргентина во јужноамериканските квалификации, за пласман на Светското првенство во Бразил, е лидер на табелата со 20 бодови од девет одиграни натпревари.

Коментирај