Меси со еден потег го „покори“ Атлетико Мадрид
Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетико Мадрид со 1:0, во дербито на 15 коло на Ла Лига. Победничкиот гол за Каталонците го постигна Лионел Меси во 86 минута.
Со овој триумф Барселона повторно се најде на истата позиција со Реал Мадрид, со 31 бод. Во наредната рунда Барселона ќе ја дочека Мајорка, додека Атлетико ќе му гостува нa Виљареал.