Ракометарите на клубот од Автокоманда денеска ќе се соочат со домаќинот Чеховски Медведи на силниот турнир во Чехов кој ќе трае до недела.
Како дел подготовките за новата сезона Металург ќе учествува на турнирот наречен „Куп на Гувернерот“ во Русија на кој покрај домаќинот Чеховски Медведи ќе играат уште и романска Стеауа и белорускиот тим на Мешков.
Распоред:
16 август (петок)
16.30: Мешков – Стеауа
19.00: Чеховски Медведи – Металург
17 август (сабота)
14.00: Металург – Мешков
16.00: Стеауа – Чеховски Медведи
18 август (недела)
14.00: Стеауа – Металург
16.00: Чеховски Медведи – Мешков
Сите натпревари ќе се играат во салата „Олимпијскиј дворец спорта“ во градот Чехов во близина на Москва.