Метеор прелета над град со брзина од 53.910 км/ч и ја проби звучната бариера

Камен метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид кога прелета над град во сојузната американска држава Мисури со брзина од 53.910 км/ч.

НАСА соопшти дека метеорот кој светна на небото над Сент Луис се одвоил од појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.

Иако е тежок околу 100 килограми, бил со големина на кошаркарска топка, велат астрономите.

Локалните медиуми објавија дека на експертите им помогнале пријавите на очевидци од Јужна Дакота и Минесота, како и два видеозаписи за да го реконструираат движењето на метеорот.

Тие утврдиле дека во понеделникот вечерта камениот метеор летал со брзина од 53.910 километри на час со што предизвикал силен звук налик експлозија – што е пробивање на звучниот ѕид.

НАСА со помош на снимки од сателити измери дека метеорот како огнена топка на небото бил посјаен од најсјаното небесно тело на ноќното небо, планетата Венера.

Бил Коук од Канцеларијата на НАСА за метероидни појави во Хантсвил, Алабама изјави дека  метеорот се распаднал на парчиња на 19,3 километри над површината на Земјата.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе