Филм & ТВ

Метју Меконахи брка богатство во џунглата во трејлерот за „Gold“

11. јануари 2017 - 11:29 | И.М.

Метју Меконахи изгледа непрепознатливо во првиот целосен трејлер за „Gold“, нова трилер авантура за бркање на американскиот сон, корупција и брзи пари.

„Gold“ е приказна за бркање на американскиот сон на еден човек, кој го носи во длабоките џунгли, во потрага по злато. Метју Меконахи е Кени Велс, човекот очаен по богатство, кој во партнерство со геолог оди во потрага во злато во индонезиските џунгли.

Наоѓањeто на златото ќе биде тешко, но зачувување на истото се чини потешко, a проблемите на Волстрит ќе го направат уште покомплицирано.

Филмот е инспириран од вистинска приказна, рудничкиот скандал на компанијата Bre-X од 1993 година. Иако станува збор за драма, се чини дека хуморот на Оскаровецот Меконахи ќе внесе посебна свежина во филмот.

Сценариото го пишуваат Џон Зинмен и Патрик Масет (Friday Night Lights, Lara Croft: Tomb Raider, The Blacklist), а режијата е на Стивен Гаган (Syriana, Rules of Engagement, Traffic).

Покрај Меконахи, во филмот ќе ги видиме и Брајс Далас Хауард, Едгар Рамирез, Рејчел Тејлор, Брус Гринвуд и други.

Премиерата е закажана за на 27 јануари, а во трејлерот погледнете што може да очекувате од филмот:

Loading the player...

 

Коментирај