Македонија

Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на АРМ

18. август 2015 - 10:21 | Kајгана/Макфакс

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на АРМ, а на оваа функција доаѓа на местото на досегашниот началник, генералот Горанчо Котески.

Претседателот Ѓорге Иванов во понеделникот во Охрид го потпишал указот за назначување на Величковски, по разрешувањето на Котески, кој веќе една година беше на функцијата со истечен мандат.

Коментирај