Поранешната порно ѕвезда Миа Калифа секојдневно добива закани од терористите на Исламска држава, кои се закануваат дека ќе ѝ ја отсечат главата, пишува Daily Mail.
Во интервју за The Sport Junkies, Миа проговори за заканите, додавајќи дека нема да се повлече без борба.
„Не смеете да покажете слабост, токму тоа го сакаат. Се трудам заканите да не ме допрат, но по некое време престанува да ви биде сеедно“, вели Mиа.
Терористите на ИД се најмногу навредени од порно филмот во кој Миа носи хиџаб додека има секс. Миа пак вели дека постојат филмови снимени во Холивуд кои полошо ги прикажуваат муслиманите и Блискиот Исток.
Но, порно филмовите не се единствената работа што им пречи на ИД. Проблем се и нејзините тетоважи.
Миа повеќе не се занимава со снимање филмови за возрасни, туку со спортски коментари.