Кошарка
СЕРИЈА А 2019/20

Мичел сака да игра со Јуве, ама не го наоѓа на FIFA 20

21. октомври 2019 - 13:27 | Ф.З.

Кошаркарот на Јута Џез се пожали дека не може да го најде Јувентус на играта, па од калчолигаш веднаш реагираа и му пратија нова игра.

Ѕвездата на Јута е зависник од игрици е и навивач на „Старата дама“. Тој на Twitter се пожали дека не може да го најде својот омилен тим на новата FIFA 20, иако бајаги му го промаши името пишувајќи Jueventes наместо Juventus.

„Зошто не можам да го најдам Jueventes на FIFA 20?“ праша Мишел, на што од калчолигашот му одговорија: „Да не мислиш на Јувентус? Ние сме на PES! Специјална пратка е веќе на пат кон тебе за да можеш да уживаш играјќи со „Бјанконерите““.

Потоа кошаршакот се вадеше дека правилно го напишал клубот, но самиот телефон му го променил: „Дефинитивно го напишав правилно, но автокорекцијата ме среди... само сакам да го поддржам мојот омилен тим! Ви благодарам“.

Јувентус го има на FIFA 20, но под името Piemonte calcio бидејќи клубот ги продаде правата ексклузивно на Pro Evolution Soccer. Тоа разорача илјадници фанови на „Бјанконерите“ бидејќи двете игри се различни и не е едноставно од една да се премине на друга.

Коментирај