Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери и набавки, додека тие се обидуваат со лаги и празни зборови да ве плашат дека ние сме биле против Европската Унија, а тие за Европската Унија, и дека живеете најубаво во Југоисточна Европа, Македонија сѐ повеќе тоне, а тие беозбразно се богатат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Радовиш и додаде:

„Секогаш кога ќе ја кажеме вистината за ДУИ, дека тие грубо ја злоуотребуваат судбината пред сѐ на Албанците, и нивната мака, за да се богатат и крадат, кажувањето на таа вистина од ДУИ ја толкуваат како напад врз Албанците. Тоа во суштина е заштитниот чадор со кој тие сакаат лажно да се престават за некакви борци за каузата на Албанците додека истите ги оставаат во сиромаштија, без патишта, без работа, без вода за пиење, без канализација, без основни услови за живот“.

Мицкоски упати порака до Бујар Османи дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот „Македонија повторно твоја“ означува дека „Македонија ќе ја вратиме на народот, истиот тој кој власта безимислосно го краде и осиромашува“.

„Па така Бујар Османи ќе обвини дека слоганот 'Македонија повторно твоја' бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чувствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во неа. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но не и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или не сакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека времето на Артан и Бујар помина, а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот.

„Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но, си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе