Мицкоски: Изборите се неминовни, за персонални решенија не разговаравме

Скопје, 20 октомври 2019 (МИА) – Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека следуваат предвремени избори, по кои, како што рече, ќе следи обновата на државата и бескомпромисна работа со цел „Македонија да ја ставиме на брза лента“.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека не е разговарано за персоналните решенија за техничката влада.

– Немаше таква дискусија. За нас беше важен процесот на добивање термин за одржување на предвремени парламентарни избори. Персоналните прашања односно имињата на луѓето дополнително ќе ги предложиме. Битно е дека имаме нова реалност. Реалноста е дека на 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, ќе имаме нова техничка влада, а на 12 април 2020 ќе имаме победник на предвремените парламентарни избори, а тоа ќе биде, сигурен сум, Обновата за Македонија, рече Мицкоски.

Во однос на промената на Изборниот модел, Мицкоски не е оптимист дека ова прашање може да се реши за овие избори.

– Кога зборуваме за нов изборен законик, препораките што се на ОБСЕ/ОДИХР, сигурен сум дека во периодот којшто следува ќе бидат дел од новиот изборен законик  кој ќе важи за следните избори. Доколку ме прашувате за ревидирање на изборниот модел, не сум оптимист дека нешто може по тоа прашање да се случи за овие избори. За некои следни, може, изјави Мицкоски.

За пописот рече дека ставот на партијата е јасен, конзистентен и непроменет и оти според нив оваа статистичка операција треба да се одржи во 2021 година.

Во однос на изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска дека само тој се израдувал на недобивањето на датум за преговори, Мицкоски ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека тоа само дополнително го мотивира да продолжи со политиките што ги води. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе