Интернет

Microsoft најави отпуштање на 18.000 работници

17. јули 2014 - 18:56 | Макфакс

Microsoft најави дека во оваа година ќе отпушти до 18.000 лица, односно 14 отсто од својата работна сила во рамки на реорганизирањето на одделот за мобилно работење на Nokia, кое неодамна го купи.

Најголемото отпуштање на работници во 39-годишната историја на компанијата е најавено по пет месеци мандат на извршниот директор Сатја Надела.

Околу 12.500 работници ќе бидат отпуштени со цел да се елиминираат работните операции кои се преклопуваат со Nokia, која Microsoft ја купи за 7,2 милијарди долари.

Microsoft не објави колку работни места ќе бидат укинати во Nokia, а колку во постојните работни операции.

Со купувањето на мобилното работење на Nokia, бројот на вработени во Microsoft се зголеми за 25.000, со што вкупниот број на вработени достигна 127.000.

Microsoft при склучувањето на договорот за купување на Nokia најави намалување на трошоците за 600 милиони долари годишно во рок од 18 месеци.

Коментирај