Microsoft: Престанете да го користите Internet Explorer

Во Microsoft се свесни дека голем број компании и организации ги користат нивните постари верзии на Windows, како и пребарувачот Internet Explorer, кој е вграден во нив. IE не беше многу доверлив ниту кога беше актуелен, а сега претставува поголем проблем отколку што е вистинско решение за корисниците.

Времето на Internet Explorer одамна помина, а Microsoft ги замоли корисниците да се откажат од старите, „лоши“ навики и да прејдат на користење на модерни пребарувачи.

На блогот на Крис Џексон, кој е вработен во Microsoft како сениор архитект за сајбер-безбедност, пишува дека употребата на Internet Explorer на компаниите им носи еден тон технички проблеми. Наједноставно кажано, со користењето на IE, компаниите и организациите самите си креираат дополнителни трошоци одејќи по линијата на најмал отпор, наместо да изберат модерно решение кое ќе биде најдобро за нив на дол рок.

Џексон напомена дека постојат компании кои уште го користат Internet Explorer 6, заснован на стандардите кои потекнуваат од 1999 година, како и дека поради тоа не се во можност правилно да вчитуваат модерни веб-страници.

Во 2016 година, Microsoft ja прекина корисничката поддршка за IE 8, 9 и 10, а повеќето веб програмери повеќе не ја проверуваат нивната компатибилност со Internet Explorer. Сепак, овој интернет пребарувач и понатаму се наоѓа на втората позиција по употреба на светско ниво со 10,46% (сите верзии на IE заедно), додека неговиот наследник Edge засега се наоѓа на четвртата позиција со 4,3%.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе