Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Милан остана без тренер: Марко Џампаоло доби отказ

9. октомври 2019 - 10:06 | М.С.

После серија од лоши резултати, Милан одлучи да го смени тренерот Марко Џампаоло.

„Милан ја известува јавноста дека Марко Џампаоло е разрешен од позицијата тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на досегашната работа и му посакува сè најдобро во кариерата“, пишува во соопштението.

Џампаоло на клупата на Милан пристигна пред почетокот на оваа сезона, но после четири пораззи од првите седум натпревари, управата му даде отказ.

Најверојатно, него ќе го наследи Стефано Пиоли.

Коментирај