Милошоски: 25 земји-членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши до септември, ама Османи ја скрил информацијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Facebook објави фотографија од допис од 23.02.2024 од МВР на Италија, каде што стои дека по препорака на Европската комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Одлуката не ја прифатиле само две земји-членки – Грција и Франција, но министерот Бујар Османи ја скрил информацијата од јавноста, пишува пратеникот.

„МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот по септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува.

Во истиот овој период многу некоректна беше постапката на министерот Османи, кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани, кои престојуваат во ЕУ.

Врв на оваа негрижа кон македонските државјани беше тоа што на 6 февруари амбасадорот Весел Мемеди (Рим) направи скандал со доставување официјална дипломатска нота до италијанските власти, во која патните исправи на кои пишува Република Македонија ги прогласи за неважечки. За жал, изгледа дека 25 држави членки на ЕУ имаат поголемо разбирање за слободата на движењето на македонските државјани со важечки пасоши 'Република Македонија' отколку што за тоа се грижат амбасадорот Мемеди и министерот Османи, кои се платени за да ги штитат интересите на македонските државјани“, пишува Милошоски.

Османи денеска ги демантираше овие обвинувања.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе