Милошоски: Разговорите со руските „пранкери“ се сериозен дипломатски скандал

Скопје, 9 јули 2019 (МИА) – Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека телефонските разговори, што беа објавени на YouTube на премиерот Зоран Заев со руски „пранкери“ кои се претставуваат како украинскиот претседател Петро Порошенко, претставува сериозен дипломатски скандал.

– Најодговорен за овој скандал е премиерот Зоран Заев, но ништо помалку одговорни не се ниту министерот за надворешни работи Никола Димитров и дипломатскот советник на премиерот Дане Талевски. Не може да се случи трипати во низа, во август 2018, јануари 2019 и април 2019, разговор со лажен претседател на Украина, што значи развиена е меѓусебна доверба и откривање многу чувствителни информации, рече Милошоски.

Според него, со тоа е нанесена штета, не само на угледот на Република Македонија, како држава, нанесена е штета на репутацијата на македонската дипломатија.

– Исто така, доколку Заев потврди дека неговиот глас е автентичен, изнесени се во јавност чувствителни дипломатски и безбедносни информации, и нанесена е штета на довербата од трети држави кон Македонија, бидејќи се споменуваат и поединци и функционери од САД, Германија, Србија, Русија, Грција и други држави, додаде Милошоски.

Истакна дека Заев морал да знае или да биде поучен од своите советници, дека меѓудржавни телефонски комуникации се остваруваат според предвиден дипломатски протокол. Побара од Заев, или како што рече, во најмала рака неговиот советник Талески и министерот за надворешни работи Димитров, да поднесат оставки, поради, како што додаде Милошски, „грубото непознавање на меѓудржавните комуникации“.

На прашањето до каде е работата со Комисијата за помирување, Милошоски рече дека тој не учествува во таа Комисија, и оти нејзиното формирање имало само една цел, а тоа, според него, е да обезбеди двотретинско мнозинство со цел промена на Уставот и остварување на лични цели на поединци во Собранието и надвор од него.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе