Minecraft се продаде во повеќе од 300 милиони примероци

Мегапопуларната игрица „Minecraft“ веќе е позната како најпродаваната на сите времиња, а сега ја мина границата од 300 милиони продадени примероци.

„Како што се приближуваме до нашата 15-годишнина, 'Minecraft' останува една од најпродаваните игрици на сите времиња со повеќе од 300 милиони продадени копии. Тоа е резултат за кој никој не можеше да сонува кога ги поставивме првите блокови“, рече Хелен Чиан, извршен директор на компанијата Mojang Studios.

Оваа информација беше објавена за време на настанот во живо „Minecraft Live 2023“, на кој се објавуваат информации за новости и новитети, а исто така имаше и гласање наменето за играчите, кои можат да изберат нови суштества за игрицата. Годинава имаше избор помеѓу рак, армадило и пингвин.

Бројките што ги постигна „Minecraft“ се неверојатни. Да речеме дека најпродаваниот музички албум „Thriller“ на легендарниот Мајкл Џексон продаде 70 милиони примероци, а најпродаваната конзола за игрици PlayStation 2 достигна 155 милиони продадени единици. Втората најпродавана игрица на сите времиња, „Grand Theft Auto V“, е продадена во 185 милиони примероци.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе