Фудбал

Минималец на Саутемптон против Ливерпул

12. јануари 2017 - 9:13 | Макфакс

Саутемптон стекна минимална предност над Ливерпул по првиот полуфинален натпревар во Лига купот.

Натпреварот на Сент Мерис го реши Нејтан Редмонд во 20.минута, на кој му претходеше грешката на Клаван и асистенцијата на Џеј Родригез.

Редмонд пред постигнувањето на голот не реалзира убава шанса, а истиот играч пропушти уште две големи шанси, по една во првото и второт полувреме.

Ливерпул од потежок пораз го спаси германскиот голман Лорис Кариус.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 25-ти јануари на Енфилд, а финалето е на 26-ти февруари на Вембли.

Коментирај