Министерката Канчевска - Милевска била повикана како сведок во СЈО

Министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска денеска три и пол часа беше распит во Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави Министерката по распитот, таа била повикана во Обвинителството како сведок за некој од случаите кои ги отвори ова Обвинителство.

„Во Специјалното јавно обвинителство бев дојдена во функција на сведок. Сакам да го изразам моето задоволство за поканата од страна на Специјалното јавно обвинитлство каде што имав можност да го потенцирам законското работење на Министерството за култура. Сепак истрагата е од таен карактер, јас не сум овластена да давам изјави. За сè останато може да се јавите во СЈО“, изјави кратко Канческа Милевска.

Засега не е познато за кој случај сведочела Каческа - Милевска, иако нејзиниот глас можеше да се слушне и во објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата. 

Пред нејзе, од Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев кој не даде никаква изјава за медиумите. За Камчев не се знае ниту во какво својство е викнат во СЈО, дали како осомничен или сведок.

Специјалната јавна обвинителка се појави во Обвинителството, еден час и половина откако започна распитот на Канческа - Милевска, односно околу 13:30 часот. Изјави дека не е во тек со тоа кој е дојден денеска распит, но потврди дека овие денови треба да се појават поголем број лица во ова Обвинителство.

Месецов во СЈО се појавија и поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Тони Јакимовски, поранешната пратеничка и сега член на ДИК, Силвана Бонева и други јавни личности. 

Од СЈО нема детални информации за распитите бидејќи постапките се тајни.
Обвинителството сè уште нема покренато ниту едно обвинение.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе