Министерство за култура: Македонската музика може да се емитува

Министерството за култура донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

„Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршениот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување“, соопштија од министерството.

Од таму појаснуваат дека надзорот на Министерството за култура над Одлуката на Собранието на ЗАМП констатирал дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

„Во оваа прилика уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права“, се вели во сооптението на Министерството за култура.

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови, а забраната стартуваше од 20 септември.

Причина за ова, како што наведоа  од ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври им забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија, по што следеше забрана и од повеќе други здруженија за емитување на нивната музика од повеќе балкански земји.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе