Министерството за финансии најави засилена борба против нелојалната конкуренција во е-трговијата

Скопје, 14 октомври 2019 (МИА) – Министерството за финансии во соработка со Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финансиската полиција најавува засилени активности во борбата против нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Се најавуваат засилени контроли на оние поединци кои не се регистрирани во системот, подготвување на конкретен акциски план, како и изработка на платформа каде ќе се пријавуваат нерегистрираните продавачи.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, потребна е взаемна соработка на сите засегати страни со цел да се сузбие сивата економија во овој сектор и да се заштитат институциите, реалниот сектор и купувачите.

– Ќе формираме работна група затоа што од една страна производите влегуваат на пазарот, од друга страна има некој кој ги продава овие производи на социјалните мрежи, од трета страна го имаме купувачот кој ги купува производите, а за тоа не добива фискална сметка. На крајот се сведува на тоа купувачот, кој не е задоволен, да поднесе жалба до Државниот пазарен инспекторат, кој не може да реагира, бидејќи нема фискална сметка. Мораме и на крајните потрошувачи да им обратиме внимание да внимаваат од каде порачуваат, за сите заедно да ги заштитиме и купувачите и институциите и да му помогнеме на реалниот сектор, изјави Ангеловска по денешната тркалезна маса за сузбивање на даночната евазија во е-трговијата.

Наскоро, како што најави таа, се очекува да биде поставен и скенер во Поштата за да може сите пратки кои пристигнуваат да не зависат само од мануелната проверка на поединци.

И од Управата за јавни приходи велат дека постојано вршат засилени контроли, а од финансиската полиција посочуваат дека постапувале во вакви случаи.

Според податоците на Народна банка, во земјава има околу 960 регистрирани електронски трговци, но нема точни податоци за бројот на нерегистрирани е-трговци кои нудат и продаваат производи преку социјалните мрежи. Генерално, сивата економија во земјата е околу 30 проценти, а во овој процент влегува и нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Електронската трговија станува се поприсутна кај нас. Податоците на Асоцијацијата за електронска трговија покажуваат дека минатата година за 26 проценти пораснал обемот на плаќање со картички на електронски продавници односно оти тој во првото полугодие од годината изнесува 86 милиони евра.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе