Министерството за култура треба да исплати околу 30 милиони денари за проекти за 2020 година

Скопје, 18 мај 2021 (МИА) – Владата го задолжи Министерството за култура да изврши исплата на вкупно  29.519.658  денари за проекти од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност и интердисциплинарните проекти за 2020 година откако денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за утврдената фактичка состојба од извршениот преглед и контрола на проекти избрани на годишните конкурси за финансирање  проекти од национален интерес.

Како што соопшти владината прес-служба, ќе бидат исплатени корисниците кои согласно извршената контрола и проверка имаат доставено комплетна документација и доказ за реализиран проект.

– Министерството за култура во законски уредена постапка и по спроведен инспекциски надзор од страна на Секторот за управен и инспекциски надзор при министерството ќе ги раскине договорите со оние корисници кои согласно извршената контрола и проверка немаат доставено комплетна документација и доказ за реализиран проект и ќе бара враќање на уплатените средства, наведува Владата во соопштението.

Во рок од пет дена од денот на усвојувањето на оваа информација, Министерството за култура треба да  ги информира Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување корупција и Управата за финансиска полиција со цел, согласно своите законски надлежности, да извршат контрола на работењето на Министерството за култура во делот на законската основаност на склучените договори и анекси на договори на 24 јули 2020 година.

На денешната, 71-ва седница, Владата усвои Одлука за одобрение за вршење  високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Северна Македонија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе