Мис Венецуела загина во сообраќајна несреќа на 26 години

Актуелната Мис Венецуела, Ариана Виера, загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида.

Оваа 26-годишна убавица требаше да ја претставува својата земја на изборот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври, но за жал загина, откри нејзината мајка за локалните медиуми.

Мајката изјавила дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор и удрила во автомобилот пред неа. Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и болничарите два пати ја реанимирале Ариана, но за жал таа починала на пат кон болница.

„Ја оживеале, а потоа имала срцев удар. Повторно ја оживеале, но почина додека ја носеа на трауматологија“, пренесува The Sun.

Она што најмногу шокираше многумина е нејзиното видео од пред само неколку месеци во кое таа изгледа како да ја предвидува својата смрт.

„Се снимам за идниот погреб бидејќи секогаш сум јас на видеата, никој друг не го прави тоа“, напиша таа во описот на чудното видео што го објави на социјалните мрежи.

Локалните медиуми наведуваат и дека таткото на мисицата, кој живее во Перу, се обидел навреме да добие виза за погребот на неговата ќерка, но документот наводно му бил издаден дури еден ден подоцна.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Стил

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Read more

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе