Мисајловски: Има пари за МЖ, но мора да работат за да се исплатат

„Министерството за транспорт и врски во својот буџет има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но нема законска можност да ги исплати се додека претпријатието не работи“, појасни министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски по денешната посета на Агенцијата за катастар на недвижности.

„За да ги добијат парите МЖ транспорт и МЖ инфраструктура треба да работат. Се што ќе сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Се она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби мора да работи“, рече Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, заради 70 до 80 луѓе кои ја попречуваат работата нема можност министерството да им ги додели средствата и појасни дека Владата на минатата седница додели и дополнителни 70 милиони денари за МЖ.

„Тоа значи дека на месечно ниво МЖ транспорт директно ќе добива повеќе средства што ќе ги распоредува кон двете компании, но единствен услов е да почнат со работа“, затоа ги повика вработените да се вратат на своите работни места и да почнат со работа.

Мисајловски зборувал и со новиот директор на МЖ транспорт и со директорот на МЖ инфраструктура со кои барале решение како најбрзо вработените да ги земат сите заостанати плати.

„Неопходно е вработените да започнат со работа, а ние како институции ќе им помогнеме, бидејќи тоа е наша обврска. Во Буџетот досега имаме најмногу средства токму за МЖ транспорт и МЖ инфраструктура, а доколку има потреба ќе гледаме да обезбедиме и дополнителни. Но, во овој момент не може да се прави ребаланс и да се измени закон и затоа единствена можност е со постојниот анекс договор во вредност од 70 милиони денари да дополниме средства на месечно ниво“, рече Мисајловски.

Вработените во МЖ транспорт десетина дена се во штрајк, а патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија е во прекин.

Исто така, мината недела генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, поднесе оставка на функцијата, додека вработените се во штрајк поради неисплатени плати.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе