Мистериозен вирус ѝ пркоси на еволуцијата

Научници во Јапонија открија нов вид на вирус кој може да ги промени нашите сфаќање за вирусите и за тоа како тие се размножуваат и шират.

За разлика од повеќето други организми кои потпаѓаат под дефиницијата „живот“, вирусите немаат ќелии. Тие се едвај парче од генетски материјал (РНК или ДНК) внатре во протеински штит кој е способен да инфицира ќелија пред да почне да се размножува.

Пребарувајќи ни свински измет, научници од токискиот Универзитет за агрикултура и технологија пронашле вирус кој му пркоси на сето она што мислиме дека го знаеме за вирусите.

„Рекомбинантниот вирус кој го најдовме при ова истражување нема структурни протеини. Тоа значи дека тој не може да создаде вирусна честичка“, вели Тецуја Мизутани од токискиот Универзитет.

Вирусот кој го пронајде јапонскиот тим дури и ја нема онаа мала доза на протеини која ја имаат другите вируси, а наместо тоа има „крилести гени“ во својата структура. Тоа значи дека вирусот треба да е неспособен сам да нападне домаќин. На тоа следи прашањето: како ли преживува?

Тимот на истражувачи претпоставува дека вирусот веројатно ги користи другите вируси за да го носат наоколу и да го пренесуваат во домаќини кои би можел да ги инфицира.

Потребно е понатамошно истражување за да се открие што навистина се случува тука, но ова откритие дефинитивно може да го промени нашето сфаќање за вирусите и да отвори нови врати за истражување во борбата со најголемите биолошки закани по човештвото.

„Можно е да се соочуваме со целосно нов систем на вирусна еволуција. Се прашуваме како настанал овој нов вирус, како ги инфицира ќелиите и како создава вирусна честичка. Наша работа во иднина ќе биде во решавањето на оваа мистерија“, вели Мизутани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе