Чек дис аут

Мистериозна „дамка“ во Париз: Не знаат дали е животно или печурка

18. октомври 2019 - 13:51 | Ф.З.

Зоолошката градина во Париз претстави мистериозен нов организам наречен „дамка“. Се работи за жолтеникаво суштество кое изгледа како печурка, но се однесува како животно.

Новиот жител на зоолошката градина во француската престолнина кој во сабота ќе ѝ биде претставен на јавноста нема ниту уста ниту стомак, но и покрај тие недостатоци тој сепак детектира храна и ја вари.

„Дамката“ има околу 720 пола, може да се движи без нозе или крилја, а доколку ја пресечете на пола ќе се регенерира за две минути.

„Дамката е живо суштество кое претставува едно од мистериите на природата. Таа нѐ изненадува бидејќи нема мозок, а сепак може да учи. Доколку споите две „дамки“, онаа која има стекнато поголемо знаење ќе ѝ го пренесе на другата“, вели Бруно Давид, директор на Музејот за историја на природата во Париз чиј дел е и ЗОО паркот.

Именувана е според научнофантастичниот хорор филм „The Blob“ од 1958 година каде во главна улога беше Стив Меквин и во кој вонземен организам наречен „дамка“, или „меур“, уништуваше сѐ што ќе му се најдеше на патот во едно мало гратче во Пенсилванија.

„Она што со сигурност го знаеме е дека не е растение, но не сме потполно сигурни дали е животно или печурка. Чудна е за печурка бидејќи се однесува како животно и има способност да учи“, истакна Давид.

Коментирај