Неколку недели француските власти трагаат по изворот на мистериозни пакети полни со кокаин што брановите ги исфрлаат на брегот на Атлантскиот. Заклучно со минатиот викенд најдени се вкупно 763 килограми кокаин.
Целиот атлантски брег е под влијание на феноменот, според јавното обвинителство од Рен. Пристигнувањето на овие пакети е забележано „од средината на октомври со зголемување на приливот од 4 ноември“, објасни јавниот обвинител на Рен, Филип Аструк.
Истражителите извршиле првични анализи кои „покажале дека во пакетите сее наоѓаат наркотици, особено кокаин со висок степен на чистота“, и „затоа особено опасен“, велат од обвинителството .
Пакетите содржат кокаин „со 83 отсто чистота“ и тие испливуваат на брегот на Атлантикот од Ланд до устието на Лоара, појасни Аструк.
Феноменот зазема досега невидени размери и воведен е интензивен надзор од разни служби, вклучително на царинските, долж францускиот брег, рече обвинителот.
Во Жиронд беа откриени пакувања со кокаин на плажите Ла Тест и Аркашон, во сливот на Аркашон. Обвинителството од Бордо смета дека станува збор за „значителни количини“ на дрога без да даде повеќе детали.
Жандармеријата го сфаќа многу сериозно присуството на овие пакети и испрати „порака на предупредување до граѓаните кои ќе откријат такви пакетчиња на брегот“ и ги повика веднаш да пријават на службите и да не ги допираат пакетите.
Освен тоа што „за секое вакво откритие мора веднаш да биде известена полицијата или жандармеријата без никакви манипулации“, транспортот на овој вид на производ е прекршок казнив со 10 години затвор, рече обвинителот на Рен. Обвинителството предупредува и на опасноста од консумирање на овие наркотици.
„Ова е многу опасен производ во ваква форма, неговата потрошувачка може да доведе до предозирање“, инсистира тој.
Истражните органи сакаат да дознаат дали станува за несреќа при транспортот, или пак за намерно фрлање во вода од страв од контрола од властите. Во истрагата се вклучени и европските полиции, како и американската ДЕА.