Белгискиот велосипедист Дан Мингер (22) почина во болница од инфаркт кој го доживеа на трката Крајтеријум на Корзика.
Неговиот тим Рубе-Лил Метропол, соопштувајќи ја тажната вест, објави дека Мингер починал во понеделникот вечерта. Тој доживеал инфаркт за време на трката, со авион веднаш бил префрлен во болницата во Ајачио каде бил ставен во индуцирана кома, но не успеал да преживее.
Мингер е втор велосипедист од Белгија кој почина во период од 24 часа, откако претходно живото го загуби Антоан Демуаси (25). На трката Гент-Вевелгем, Демуаси паднал за време на трката, а потоа на него налетал мотоцикли кој ја следел трката.