Хроника

Млад прилепчанец најден мртов во поранешниот инфективен оддел

8. јануари 2017 - 13:42 | Макфакс

Во објектот на поранешното инфективно одделение на прилепската болница, вчера е најдено телото на 26-годишно момче, информираат од министерството за внатрешни работи.

Смртта била констатирана од страна на лекар од службата за Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на прилепската полиција.

Полицијата го идентификувала починатиот како П.М., на 26 години, од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Коментирај