Американскиот ММА борец и поранешен член на УФЦ Сејџ Норткат ќе се обиде што е можно побрзо да го заборави неговото деби во азиската организација One Fighting Championship.
По ударот на Бразилецот Космо Александре, Норткат издржа само 29 секунди и преживеа пораз што ќе го памети цел живот.
Александре славеше со нокаут во Сингапур, а Сејџ заврши во болница со осум фрактури од кроше ударот.
„Само што се освестив од операцијата... имав осум скршеници и ми правеа операција девет часа. Се чувствувам благословено поради неверојатното внимание што ми го пружија од организацијата, моите пријатели, роднини и навивачите. Моето ‘терминатор’ лице не е толку страшно... Ќе се вратам! Сега ќе ми го вадат катетерот“, порача борецот преку социјалните мрежи.