МНР: Идентификувани двајца од тројцата македонски државјани кои загинаа кај Лесковац

Скопје, 16 декември 2018 (МИА) – Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека досега се идентификувани две од трите лица, маж и две жени, кои загинаа ноќеска во кога автобус на Еуро Бус се излизга од патот во близина на Лесковац, Србија.

Станува збор за В.Ш., маж на 68-годишна возраст од с. Бучин, Крушево и К.К., жена исто така на 68-годишна возраст од Кочани. На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи.

Кај третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац.

Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Кон Лесковац во посета на болните и на местото на несреќата се упатија министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник на македонската амбасада во Белград.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе