МНР: Инцидентот кај Идомени го поттикнаа активисти на невладини организации

Македонското Министерство за надворешни работи во соопштение до јавноста тврди дека за вчерашниот инцидент на македонско - грчката граница, мигрантите биле поттикнати од активисти на невладини организации.

Според нив, обидите за илегален премин на границата наликуваат на инцидентот со масовно илегално преминување на границата што се случи на 14 март годинава во којшто беа инволвирани 2.500 мигранти.

Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство, тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ, се посочува во соопштението.

Според МНР, македонските безбедносни сили, заедно со полициски службеници од неколку земји членки на ЕУ кои се распоредени на јужната граница одговориле брзо и согласно ситуацијата и спречиле нелегален влез и наведуваат дека не е повреден ниту еден од мигрантите кои учествуваа во насилните протести.

„Употребен е солзавец со цел да се растури насилната група. Не се употребени никакви други средства на контрола, ниту физичка сила против групата. Дваесет и тројца припадници на македонските сили се повредени за време на инцидентот. Воедно, ниту еден од извршителите не е повреден на македонска територија. Утврдени се неколку оштетувања на граничната ограда“, се вели во соопштението.

Македонските власти побарале вклучување на грчките полициски сили во услови кога постојано се случуваат насилни напади од грчката територија.

„Постојано се упатуваат барања за соработка и размена на информации со цел превентивно да се делува во однос на насилните протести на мигрантите и обидите за илегален премин од Грција на македонска територија. Воспоставувањето ред и мир во пограничната зона, како и во и околу центрите за прифаќање мигранти е од суштествено значење за превенирање вакви инциденти во иднина“, се нагласува во соопштението од македонското МНР.

Од друга страна, шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија Теохарис Лалакос вчера упатил два остри демарша во врска со, како што се наведува, „неприфатливите инциденти што се случија во Идомени“.

Како што стои во соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Лалакос „јасно ставил до знаење на најкатегоричен начин дека употребата на насилство на ниту еден начин не придонесува за решавање на проблемот со бегалците и е во директен судир со сите релевантни одредби од меѓународното и хуманитарното право“.

Тој, се наведува натаму во соопштението, „ги повикал властите во ФИРОМ да се издигнат над ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и сериозност“.

Обидот за илегален влез се случи вчера околу 10:50 часот на граничната линија помеѓу Македонија и Грција кај граничниот камен 59. Во инцидентот се проценува дека учествувале над 3.000 мигранти организирани во помали и поголеми групи во обид насилно да влезат на територија на Македонија од Грција кај нелегалниот граничен премин кај каменот 59. Сличен инцидент за масовно илегално преминување на границата се случи на грчко-македонската граница на 14 март годинава кај селото Моин во кој беа инволвирани 2.500 мигранти. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе