Министерството за надворешни работи на Република Македонија, упати протестна нота до грчкото МНР, преку која се бара Грција да го реши проблемот со земјоделците кои со денови го блокираат граничниот премин Евзони.
Од МНР писмо упатиле и до Европската комисија во кое, МНР потенцира дека со блокадата се крши Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ која ја има потпишано и Грција и гарантира слобода на движење на стоки и луѓе.
Во меѓувреме, Македонија ја разгледува можноста увозот и извозот на стоки да почне да се одвива преку пристаништето Драч.
Грчките земјоделци од 30 јануари го блокираат граничниот премин во знак на протест од најавените мерки на грчката влада.