Мобилните од серијата Galaxy S24 на Samsung ќе бидат најпаметните ВИ телефони

Според неофицијални информации, серијата S24 ќе има функции слични на ChatGPT и Google Bard, па ќе може да креира содржина и приказни врз основа на само неколку клучни зборови.

На неодамнешното претставување на своите паметни телефони Pixel 8 и Pixel 8 Pro, Google објави неколку нови функции засновани на вештачка интелигенција (ВИ), но – ако им се верува на најновите гласини – Samsung работи на нешто уште „попаметно“.

Според претходно споменатите, сè уште непотврдени информации, претстојните смартфони Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra на корејската компанија ќе бидат „најпаметните паметни телефони кои користат вештачка интелигенција“, значително пред она што новите уреди Pixel 8 можат да го понудат.

Серијата S24, наводно, ќе има карактеристики сосема слични на ChatGPT и Google Bard chatbots, како што се создавање содржина и приказни врз основа на само неколку внесени клучни зборови.

Самиот Samsung создаде некои дополнителни функции за вештачка интелигенција, како што е „текст во слика“ (text-to-image) генеративната ВИ алатка, наменета за нивните паметни телефони од најновата генерација. Ќе се подобри и ВИ алатката говор во текст (speech-to-text).

Уредите од серијата S24 на некои пазари ќе се напојуваат со новиот чипсет Exynos 2400.

Истиот извор тврди дека Samsung ќе вгради вештачка интелигенција во виртуелниот асистент Bixby, па во иднина ќе може да води „многу повеќе човечки и интелигентни разговори“ со корисникот на уредот.

Уредите од серијата Samsung Galaxy S24, неофицијално, би требало да бидат претставени во текот на јануари 2024 година.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Мобилни

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Read more

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more
 

Гик

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе