Живот

Мобилните телефони влијаат лошо на менталното здравје на децата

20. август 2019 - 13:21 | М.С.

Можеби на вашето дете му го купивте новиот смартфон, но не му направивте услуга кога во прашање е неговото ментално здравје.

Употребата на мобилните телефони негативно влијае врз здравјето на тинејџерите. Научниците набљудувале 13 000 тинејџери во над 1000 училишта во Англија. Дури 28% од девојчињата кои користеле социјални мрежи имале поголема анкциозност од останатите. Момчињата, исто тaка, но со помал процент од девојчињата.

Поминувајќи часови на друштвените мрежи, се намалува нивната физичка активност и доведува до губење на сон.

Социјалните мрежи сами по себе не се виновни за пореметувањата, но зачестената употреба може да има влијание на менталното здравје на девојчињата. Најмногу ги користат WhatsApp, Snapchat и Instagram.

Освен анксиозноста, тинејџерите чувствуваат тага, деконцентрација, недостаток од сон, вели Daily Mail. Употребата на социјалните мрежи доживеа експанзија помеѓу 2014 и 2015 година. Процентот на луѓе кои ги користат социјалните мрежи постојано се зголемува.

Коментирај