Ако мислевте дека засекогаш ќе останете кул затоа што носите тетоважа, сте се зафркнале. Најновиот моден тренд кој ни доаѓа од Јапонија се модификациите на телото.

Популарноста на овие модификации расте со неверојатна брзина, па ништо чудно наскоро да видиме вакви фрик појави и по нашите улици.
Модификацијата обично се прави на челото и рацете, а се изведува со растопена готвасрска сол која се вбризгува на одбраното место.
Тоа што е охрабрувачки во целиот овој "тренд" е дека модификациите не се трајни (како тетоважите) - односно, телото го апсорбира целото солило со тек на време, без никакви последици за организмот. Паметни Јапонци.






