Моден викенд Скопје: Заврши европската модна бајка, каде понатаму?

Александра Спасеска
/ 01.04.2019 / 12:54

Синоќа заврши 19-тото издание на Моден викенд Скопје. Три дена Скопје дишеше, живееше и сонуваше мода.

Главниот град беше во фокусот на европската мода, како домаќин на шоурумот на интернационалното здружение Обединета мода каде се претставија 28 европски дизајнери и брендови, а за прв пат досега беа донесени и интернационални купувачи и претставници на медиумите, што беше одлична прилика за вмрежување и споделување на искуства. По успешните презентации во Бугарија, Австрија, Јужна Африка и Германија, изложбата на наградуваната платформа за концептуален дизајн ИВАН АСЕН 22 исто така ги воодушеви љубителите на модата и визуелната уметност.

Ова издание во повеќе аспекти ги крена критериумите за најголемиот моден настан кај нас, но истовремено и очекувањата за следните изданија. Организацијата на FWSK покажа дека ги прележавме „детските болести“ и дека не само што е возможно, туку и многу остварливо да создадеме и уживаме во настан од европски калибар.

Повеќе од јасно беше дека влегуваме во нова ера за македонската модна сцена уште со првиот чекор во шоурумот. Но, пред да земеме залет, да се потсетиме дека за градење вистински вредности се трча маратон, а не спринт. Моден викенд успешно одговори на европските стандарди и ѝ понуди на македонската публика едно поинакво модно доживување. Сега кога европската модна бајка заврши, останува да видиме дали ќе нѐ понесе ентузијазмот и ќе го искористиме овој моментум за да ги задржиме високите стандарди и ќе одговориме на предизвикот што веќе се постави со ова издание на Моден викенд Скопје. Тука одговорноста не лежи само во рацете на организацијата на Моден викенд Скопје и дизајнерите, туку и на сите учесници во модната сцена и индустрија, вклучувајќи ги и медиумите и потрошувачите.

Галеријата со посетители со највпечатлив стил погледнете ја ТУКА.

А дека имаме потенцијал да одговориме на европските и светските текови, не само во поглед на естетика, туку во насока на горливите прашања со кои се соочува модата и модната индустрија, покажаа младите надежни дизајнери на ТМФ. Во соработка со текстилниот кластер и под менторство на професорката Лидија Георгиева, студентите работеа на проект РЕЦИКЛИРАЊЕ кој се занимава со проблематиката на зачувување на животната средина. Од тука потекнува инспирацијата за ревијата РЕИНКАРНАЦИЈА со која вчеравечер се претставија Мартина Донева, Магдалена Димковска, Тамара Богдановска, Јана Маринковска и Катерина Димитровска. Тие покажаа модели во пост-апокалиптичен, индустриски стил, изработени од текстилен отпад како форма на отпор кон брзата, консумеристичка мода што во огромна мера придонесува за загадување на животната средина, кршење на правата на работниците и фрла дамка врз убавото лице на модата.

Вечерта продолжи со ревиите на Марко Фехер и Милан Зејак, а модното шоу го заокружи ревијата на Сара Реџиќ.

Марко Фехер, родум од БиХ, а живее и работи во Лондон, донесе една сосема поинаква естетика за нашата модна публика со колекцијата Kozara Etno Fusion. Неговите моќни креации ве поместуваат од удобноста на „убавата мода“ и со секој следен модел на пистата ви поставуваат прашања, го поттикнуваат оној висцерален нагон да посакате повеќе, да бидете посмели, да посегнете подалеку. „Автентична“ е само еден од епитетите со кои се опишува неговата работа. Со успешно пресликување на традиционалниот вез во уникатни принтови, вкоренет во неговата традиција и изведен во современи, смели форми, дизајнот на Фехер освојува со неговата бескомпромисност, а остава трага со беспрекорниот избор на материјали и врвната изработка.

Српскиот дизајнер Милан Зејак се претстави со колекција што најдобро ја доловува неговата умешност во полето на експериментирање со формите. Во колекцијата за есен-зима 2019 година, го развива интересoт за правоаголните форми и како тие може да ги сменат заоблените кроеви во класичните елементи на шиењето. Резултатот се волуменозни, драпирани и повремено лелеави современи парчиња, со реминисценција на традиционалната јапонска облека, како и западната „флапер“ ера во 20-тите години на минатиот век.

Сара Реџиќ уште еднаш се потврди како автентично, моќно име на нашата модна сцена со колекцијата Pure Love. Останувајќи верна на нејзиниот бохо шарм, Реџиќ повторно ги помести границите и се претстави со колекција што сведочи за нејзиното созревање како дизајнер - посегна кон нови форми, во препознатливите вибрантни дезени и карактеристичните за неа рачни доработки и неизбежните традиционални мотиви во модерна интерпретација. Колекцијата беше надополнета и со мини колекција на рачно изработени чевли во соработка со Катерина Микрут.

Ако има дизајнер што во изминативе сезони задолжително извлекува воздишки во публиката со секој следен модел што излегува на пистата, тоа дефинитивно е Реџиќ. Таа за кратко време ја освои пошироката публика, но исто така го отвори и успешно го пополнува досега неистражениот сегмент на диверзитет на модната сцена во поглед современ, автентичен дизајн за жени од сите големини и форми.

Фото: AD Photography

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе