Мода & Стил

Модната куќа Versace се извини на Кина поради грешката

12. август 2019 - 11:57 | М.С.

Луксузниот бред Versace се извини откако серија маици предизвика остри критики на социјалните мрежи во Кина.

Имено, Хонгконг и Макао се означени како посебни држави.

Двете поранешни европски колонии се вратени во состав на Кина при крајот на деведесеттите години. Маиците, чиишто фотографии се објавени на кинеските социјални мрежи, се со натпис Њујорк-САД, Пекинг-Кина. Кинеските медиуми наведуваат дека модната куќа Versace, Хонгконг и Макао ги прикажува како самостојни држави. Versace упатила извинување а маиците се повлечени од продажба и се уништени. Соопштиле дека ја сакаат Кина и го почитуваат кинескиот територијален и национален суверенитет.  

Коментирај