Цикличната природа на модата се докажува уште еднаш – брендовите изминативе сезони нудат модели во стилот на 90-тите, а ништо не потсетува толку на оваа деценија колку ликовите од популарната серија „Beverly Hills 90210“.
Оние кои се сеќаваат на времето кога оригинално се емитуваше серијата, знаат какво влијание имаше стилот на Бренда, Кели, Дона и другите ликови врз начинот на кој се облекуваа девојките и жените и се правеше сѐ за да се ископира тој изглед.
Од целосен џинс аутфит, до фармерки и шорцеви со висок струк во комбинација со кратки маички, тесни припиени фустанчиња и боди, маички спуштени на рамо, врзани со јазол, до широки панталони, фустанчиња над маичка, комбинезони, мали ранчиња, карирани кошули, цветни дезени и чипкани парчиња, сите овие елементи моќно се враќаат денес и се главен тренд во уличната мода, кренати на едно ново, посовремено ниво.
Иако има некои модни комбинации кои сакаме да ги заборавиме засекогаш, како овие:
сепак, има некои комбинации на модните икони од Беверли Хилс во 90-тите кои би ги носеле и денес, без никакви измени: