Модниот избор на Met Gala 2019
Во Њујорк се одржа годишниот Met Gala добротворен настан на кој славните личности прошетаа во необични и оригинални креации. Овој настан се смета за еден од најважните модни настани.
Годинешната тема на забавата е „Camp: Notes on Fashion“ инспирирана од есејот на фотографката Сузан Сонтаж од 1964 година. Модните креации годинава беа иронични, хумористични, пародични, театрални. Вечерата започна со театрално појавување на Лејди Гага. Актерот Езра Милер имаше најимпресивни креации на лицето, се појави со три пара очи плус едно око на лицето.