Мојсовски: Максимално сме фокусирани за да ја исполниме целта

Најдобрите македонски ракометари полека ги финишираат подготовките за настап на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кој од 8. до 10. април ќе се одржува во Гдањск, Полска.

Македонија против Полска, Тунис и Чиле ќе се обиде да стигне до историски резултат и да стане првата македонска репрезентација која настапила на најголемата спортска смотра.

Турнирот во Гдањск е втората и веројатно последна шанса на оваа генерација македонски ракометари да се пласираат на ОИ. Во 2010 година, Македонија не успеа да ја мине квалификациската група во која беа Шведска, Унгарија и Бразил.

Групата во Гдањск е полесна од онаа пред четири години и веројатно најлесната од квалификациските групи.

„Групата е малку полесна од другите, но во олимписки квалификации нема лесни противници. Се подготвуваме за сите противници, првиот меч го играме против Полска, која е домаќин и е фаворит во групата, но ние нема да излеземе со бело знаме. Пред два-три месеци игравме на ЕП, несреќно загубивме со гол разлика. Сепак клучниот меч за нас ќе биде оној против Тунис, а против Чиле ќе треба да го потврдиме пласманот“, вели за еден од најискусните во националниот тим Наумче Мојсовски.

Средниот бек на Букурешт е свесен за големината на моментот, најавува максимална ангажираност против сите селекции. Со Тунис, Македонија има позитивно искуство од последното СП, а ракометарите имаат победа и над Чиле, во 2013 година.

„Повеќе нема лесни противници, ако некого потцениш ќе имаш проблеми, тоа и се покажа со Чиле во Шпанија. Се надевам дека овој пат нема да е така. Ние ќе бидеме максимално фокусирани на трите натпревари. Мора да одиграме максимално ангажирано за да ја исполниме нашата цел, пласман на Олимписките игри“, дополни Мојсовски.

Инаку, репрезентацијата денеска ќе одржи прес конференција во пресрет на квалификацискиот турнир, а за Полска ракометарите ќе заминат утре. На турнирот во Гдањск ќе стартуваат против Полска, а ќе продолжат со Тунис и Чиле.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе